петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во Кондово, двајца со тешки повреди пренесени во „8 септември“

Сообраќајка во Кондово, двајца со тешки повреди пренесени во „8 септември“

На 03.07.2019 година во 07.15 часот на локалниот пат с.Кондово-с.Свиларе, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од с.Долно Свиларе, скопско и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(47) од с.Долно Свиларе.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот К.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од неговото возило И.С.(31). Тие биле пренесени во Градската општа болниица “8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.