вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во штипско: Возач тешко повреден, другиот избегал со автомобилот

Сообраќајка во штипско: Возач тешко повреден, другиот избегал со автомобилот

На 14.11.2020 во 09,55 часот на регионалниот пат с.Аргулица – Штип, во близина на крстосница за с.Нов Караорман кон Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено“ без регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(50) од Штип, информира МВР.

По незгодата К.Д. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.