Вчера околу пладне било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с. Новаци- битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.
Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р. (50) од Битола, а настрадале 68 овци.
По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.