сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тешко повреден 36. годинишник кој управувал со „Јамаха“ без таблици

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тешко повреден 36. годинишник кој управувал со „Јамаха“ без таблици
илустрација

На 23.08.2021 околу 11.25 часот на регионалниот пат Макази – Маркова нога, кај крстосницата за с.Сливница, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(36) од с.Штрбово, ресенско и патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(85) од Скопје.

Во незгодата В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.