среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа во Кочани меѓу три возила, дедо од 77 години завршил тешко повреден во болница

Сообраќајна несреќа во Кочани меѓу три возила, дедо од 77 години завршил тешко повреден во болница

На 06.01.2021 во 12.35 часотво Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Бел Камен“ и ул.„Крижевска“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Д.(39) од с.Чешиново и патничко моторно возило „застава 750“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(77) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Г., а со телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.