петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во битолско

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во битолско
илустрација

На 06.11.2022 во 15.54 во СВР Битола било пријавено дека на локален пат за с.Рамна, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „митсубуши пајеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(34) од Битола и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Алданци, крушевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола се здобила З.И.(60) од с.Алданци, сопатничка во возилото „ауди“.

Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.