недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Сопатник тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 24.06.2021 во 09.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат Равна Река – Пехчево, на место викано „Суви дол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „уаз 469Б2“, со беровски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Црник и патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(62) од Пехчево.

Во незгодата, сопатникот од возилото „уаз“, Н.Б.(51) од Пехчево се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствениот дом Пехчево.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Берово.