недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Србин излетал од патот Гостивар-Маврово, со тешки повреди пренесен на Клинички

Србин излетал од патот Гостивар-Маврово, со тешки повреди пренесен на Клинички

Државјанин на Србија е тешко повреден во сообраќајна несреќа која синоќа во 1:20 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село.

Полицијата денес информира дека патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.