петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна несреќа во Скопје – 5 годишно девојче е прегазено

Страшна несреќа во Скопје – 5 годишно девојче е прегазено

Страшна несреќа се случила вчера околу 16:00 часот на улицата „1“ во село Студеничани, скопско.

Како што информираат од МВР патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Џ.З. од село Вражале, удрило во петгодишно девојче од село Студеничани. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и било задржано на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.