вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна сообраќајка во Куманово, едно лице итно пренесено во Ургентен

Страшна сообраќајка во Куманово, едно лице итно пренесено во Ургентен

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 13 часот на крстосницата од улица „Никшиќка“ и улица „Титова Митровачка“ во Куманово.

Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу товарно возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од Прилеп и мопед „Баотиан“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(34) од Куманово.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  По укажаната помош тој бил задржан на лекување, стои во полицискиот билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Куманово.