Во Полициска станица Струга вчера попладне пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга.
Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.