петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Судир на два мотоцикли во струмичко, повредени возачите

Судир на два мотоцикли во струмичко, повредени возачите
илустрација

На 21.06.2022 во 16.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на шумски пат над с.Висока Маала, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од С.И.(24) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(29), двајцата од с.Висока Маала, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека Б.Б. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.