СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(36) од Скопје и Т.К.(35) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 13.11.2019 на бензиска пумпа во Охрид, пријавените, поради претходно недоразбирање, физички го нападнале Х.Н.(23).