Нарушување на јавниот ред и мир со тепачка вчера регистрирала полицијата на улицата „Љубљанска“ во Скопје.
-Тепачката настанала помеѓу Ф.В.(18), С.В.(30) од една страна и Б.Х.(45) и И.Ѓ.(23) од друга страна. Б.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“, информираат од МВР.
До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло поради претходна вербална расправија околу давање првенство на минување во сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.