На 25.05.2022 во 22.30 часот во Полициското одделение Петровец, К.Ј.(21) од с.Петровец, скопско, пријавил дека во селото, по претходна расправија за имотно-правни односи, бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Ц и А.Ц., двајцата од с.Ржаничино, скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.