четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка несреќа на скопска обиколница, загина едно лице

Тешка несреќа на скопска обиколница, загина едно лице

Маж го загуби животот во сообраќајна несреќа која рано утринава се случила на скопска обиколница.

Од полицијата информираат дека несреќата е пријавена во 05.10 часот, дека кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот.

На местото на незгодата починал возачот, велат од МВР.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.