вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Центар, повреден мотоциклист

Тешка сообраќајка во Центар, повреден мотоциклист

На 23.06.2023 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кирил и Методиј“ со бул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „триумф“, управуван од М.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од Е.Р.(54) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.