понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа попладнево во скопско Козле:Мотоцикл се запали по судар со БМВ, гореа и двете возила

Тешка сообраќајна несреќа попладнево во скопско Козле:Мотоцикл се запали по судар со БМВ, гореа и двете возила
Фото:скриншот/Видео МКД

Експлозија одекна во скопската населба Козле откако денеска, околу 17 часот се судриле БМВ 3 и мотоцикл. Според очевидци по судирот, експлодирал моторот по што се запалиле двете возила.

Несреќата се случила на крстосницата во близина на слаткарницата Канела. Брзо интервенирала противпожарна екипа која веднаш пристигнала на местото на настанот

Порталите пренесуваат дека возачите на двете возила се повредени, и веднаш се пренесени во болница.