недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Горно Лисиче, повредени повеќе лица

Тешка сообраќајна несреќа во Горно Лисиче, повредени повеќе лица
илустрација

На 31.03.2023 околу 06.55 часот на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.