вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Струмица, загинаа маж и жена, со возило паднале во канал

Тешка сообраќајка кај Струмица, загинаа маж и жена, со возило паднале во канал

Маж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна попладне на излезот од селото Колешино. Се работи за двајца сопружници на возраст од 70 и 69 години кои најверојатно поради неприлагодена брзина на нивното возило излетале од коловозот и завршиле во каналот покрај патот.

Од тешките повреди и двајцата починале на лице место, а лекарот од итната медицинска помош само ја констатирал смртта.

Поради големите оштетувања на возилото во извлекувањето на телата се вклучија и пожарникарите од струмичката противпожарна единица.