вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Велес: Излетал автомобил, неофицијално еден загинат

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Велес: Излетал автомобил, неофицијално еден загинат

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на автопатот Скопје-Велес, после тунелот, дознава Курир.

Според нашите информации едно возило непозната марка со скопски регистерки ознаки излетало од патот.

Неофицијално, во несреќата едно лице го загубило животот. На терен присутни се и возила на Итна медицинска помош. Не е познато колку лица имало во излетаното возило.

Од МВР за Курир само потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, но повеќе информации не откриваат. Велат, по завршување на полицискиот увид кој е во тек ќе бидат познати повеќе детали.