четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка: Повредени две лица- еве ги деталите

Тешка сообраќајка: Повредени две лица- еве ги деталите

На 10.03.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(26) од с.Јабланица и патничко моторно возило “ровер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(20) од с.Лабуништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер“ О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.