На 08.10.2022 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје, на локалниот пат Драчево– с.Долно Количани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Р.А.(24) од с.Горно Количани, скопско и патничко „фолксваген“, управувано од Г.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од возилото „бмв“ и сопатникот од возилото „фолксваген“ А.Ќ.(29) од с.Студеничани, скопско, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден малолетен сопатник од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.