петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Охрид, повреден мотоциклист

Тешка сообраќајка во Охрид, повреден мотоциклист
илустрација

Млад охриѓанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на ул.„Андреа Јованоски“ во Охрид.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила помеѓу „Лада“, со охридски регистарски ознаки, управувано од З.З.(55) од Струга и мопед „Баотиан“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(29) од Охрид.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.