петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје, повредена жена

Тешка сообраќајка во Скопје, повредена жена

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера во 09.30 часот се случила на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „цитроен“ со скопски регистарски озанки, управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.З.(44) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.