сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско: Загина 16 годишно момче, повредени тројца тинејџери

Тешка сообраќајка во скопско: Загина 16 годишно момче, повредени тројца тинејџери

Еден малолетник го загуби животот, а тројца тинејџери се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила во скопско Кадино.

Во несреќата, информира МВР, учествувале мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

-На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.