понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Тетово: Прегазил двајца пешаци и избегал

Тешка сообраќајка во Тетово: Прегазил двајца пешаци и избегал

На улица „Благоја Тоска“ во Тетово, вчера попладне непознато возило кое веднаш го напуштило местото, удрило во двајца пешаци А.Д.(43) и Т.С.(45) од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредените пешаци се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, учесник во оваа сообраќајна несреќа.