На 06.07.2022 во 00.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(54) од с.Возарци.
-Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 05.07.2022 околу 22.30 часот, на локалниот пат за с.Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница“ каде што, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.