сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист, излетал кај Стража

Тешко повреден мотоциклист, излетал кај Стража
илустрација

На 06.07.2022 околу 17.01 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај превој „Стража“, Ј.Н.(19) од Кичево, управувајќи мотоцикл „априлија“, со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.

По несреќата возачот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.