понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак пренесен во болница откако го удрил автомобил

Тешко повреден пешак пренесен во болница откако го удрил автомобил

На 01.04.2022 во 10.30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Мара Маждуречка“, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(55) од Скопје удрило во Д.Ј.(65) од Скопје, информира МВР.

По несреќата, Д.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.