четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден штипјанец, возел мотоцикл и направил сообраќајка

Тешко повреден штипјанец, возел мотоцикл и направил сообраќајка
илустрација

На 19.09.2023 во 19:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Черења“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.З.(46) од Штип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.О.(24) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.