сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден скопјанец, со „кавасаки“ удрил во „матиз“

Тешко повреден скопјанец, со „кавасаки“ удрил во „матиз“
илустрација

Вчера (17.09.2023) во 13:40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С., и двете со скопски ознаки.

Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.