недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 17.09.2020 во 17.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Коперникова“ патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од А.М.(71) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.