четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден возач на автомобил од Скопје при судар со автобус

Тешко повреден возач на автомобил од Скопје при судар со автобус

Во СВР Скопје вчера во 23 часот било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(50) од Скопје и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.