четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден возач на мопед

Тешко повреден возач на мопед
илустрација

На 19.07.2023 во 12.25 часот Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Љупчо Сантов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Т.Ј.(68) од Кочани и патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.