На 17.07.2023 во 12.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Бетон“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(63) од Дебар и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од А.К.(27) од Дебар.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.