недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден жител на Могила откако бил удрен од автомобил

Тешко повреден жител на Могила откако бил удрен од автомобил

На 09.10.2023 во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крак од патот Битола – Државна граница со Република Грција кај место викано „Трафостаница“, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(45) од с.Могила удрил во Ж.Н.(61) од с.Мојно, општина Могила.

Во несреќата, Ж.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.