недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТЕШКО ПРЕТЕПАЛЕ СВОЈ СОЖИТЕЛ: Приведени две лица од кумановско Тромеѓа

ТЕШКО ПРЕТЕПАЛЕ СВОЈ СОЖИТЕЛ: Приведени две лица од кумановско Тромеѓа

Денеска (10.02.2023) во 03.00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Т.(46) и С.Н. (50) од село Тромеѓа, кумановско.

Тие се сомничат дека неколку часа претходно, во село Тромеѓа, му нанеле тешки телесни повреди на П.Т.(41), констатирани во Општа болница Куманово. Б.Т. и С.Н. се приведени во полициска станица, увидот е направен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.