среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовци доаѓаат од странство се заразуваат и си одат од земјава – и вчера осум лица ја напуштиле Македонија иако имале корона и решение за изолација

Тетовци доаѓаат од странство се заразуваат и си одат од земјава – и вчера осум лица ја напуштиле Македонија иако имале корона и решение за изолација

СВР Тетово ќе поднесе кривични пријави против М.Ш., В.Е., Н.Е., Л.В., Ј.З., К.М. и Н.А сите од с.Челопек, и А.А. од с.Гургурница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена проверка од полициски службеници од СВР Тетово на 13.08.2021, пријавените не биле пронајдени на наведените адреси, односно заминале во странство и покрај тоа што од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат им било издадено решение за изолација во домашни услови.