сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТЕТОВЦИ И ГОСТИВАРЦИ НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА БЕГААТ – секојдневно наместо во изолација ја напуштаат земјата, вчера истото го сториле четворица

ТЕТОВЦИ И ГОСТИВАРЦИ НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА БЕГААТ – секојдневно наместо во изолација ја напуштаат земјата, вчера истото го сториле четворица

Четири лица наместо во изолација ја напуштиле Македонија.

-Вчера полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.