СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ќ.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
-Пријавениот, во текот на 2020, во својство на инвеститор на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово, на катастарска парцела која гласи на име на Република Македонија изведувал градежни работи – доградба на постоечки објект, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, информираат од МВР.