вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер тешко повреден, со мотор излетал од пат

Тинејџер тешко повреден, со мотор излетал од пат
илустрација

На 16.05.2023 во 15.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ во Битола, Б.Ќ.(18) од Битола, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.

Во несреќата, Б.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.