ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Д.(18) од с.Вруток, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 24.04.2021 во непосредна близина на Железничка станица Гостивар, при контрола на патничко возило „опел“, во кое бил пријавениот, од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се марихуана и листови од канабис.