вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со автомобил удрил во дива свиња, тешко повредена малолетна сопатничка

Тинејџер со автомобил удрил во дива свиња, тешко повредена малолетна сопатничка

На 24.08.2022 во 00.40 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-с.Пирава, во близина на место викано „Страиште“, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.В.(19) од с.Јосифово, удрило во дива свиња, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од с.Удово, констатирани во ЈЗУ-Здравствен дом Валандово.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.