вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка во Виница

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка во Виница
илустрација

На 07.06.2022 околу 21.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен ц5“, со винички регистарски ознаки, управувано од П.С.(18) од с.Градец, виничко и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од М.А.(18) од Виница, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Виница.