понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџери прегазени во Тетово

Тинејџери прегазени во Тетово

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19.30 часот на кружниот тек на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

Од МВР информираат дека патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(30) од  Тетово, удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години.

-Повредените пешаци биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле задржани за понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Tетово.