Пешак се здобил со тешки повреди откако вчера утрината бил удрен од автомобил на крстосница од булевар „Крушевска Република“ со булевар „Кочо Рацин“.
-Товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Скопје, удрило во Е.М.(34) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.