среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во пешак, мажот со тешки повреди пренесен во болница

Товарно возило удри во пешак, мажот со тешки повреди пренесен во болница

На 16.05.2023 вo 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, товарно возило „фиат фиорино“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(53) од Скопје, удрило во пешакот Е.Х.(37), информира МВР.

Во несреќата Е.Х. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.