недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во пешак на паркинг

Товарно возило удри во пешак на паркинг

На 01.12.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од паркинг простор и сервисна улица која го поврзува бул.„Јане Сандански“ во Скопје, товарно возило „мерцедес бенз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(22) од Скопје, удрило во Л.Е.(73) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.