На 01.11.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, пред железничкиот надвозник, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(78) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Т.(44) од с.Семениште, скопско, информира МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.